Search

Авганистанските воени хеликоптери гаѓале талибанци, усмртиле и раниле деца

Авганистанските воени хеликоптери убиле две деца на возраст од 10 и 12 години и раниле уште најмалку две, додека две други се водат за исчезнати, во бомбардирање на едно село на истокот од провинцијата Газни, соопштија денеска регионални официјални претставници.

Шефот на покраинскиот совет во Газни, Несар Ахмад Факири, изјави денеска дека авганистанските воени хеликоптери сакале да пукаат врз талибанците во селото и дека по грешка ги погодиле децата.

Тој додаде дека по неуспешниот воздушен напад бунтовниците успеале да избегаат од селото.

Жителите на селото Де-Хаџи изјавија дека пет деца се повредени, а две се водат како исчезнати, па затоа е нејасно зошто се разликуваат бројките за жртвите меѓу владините претставници и очевидците.

Очевидци вчера виделе како хеликоптерите ја ракетираат селската џамија, училиштето и станбени објекти, додавајќи дека двете деца биле убиени во семејната продавница.

Тие додаваат дека татко им ги оставил сами во продавницата додека тој заминал на верска церемонија, додека ранетите момчиња не биле дел од истото семејство.

-Телата на браќата беа изгорени до непрепознатливост, рече очевидецот Абдул-Кајом, додавајќи дека двете исчезнати момчиња најверојатно се под урнатините од бомбардирањето.

Американските медиуми пренесуваат дека во Авганистан се уште има борби и тоа во време кога претставници на авганистанската Влада и талибанците разговараат во Катар за да се заврши повеќедецениската војна.

Треба да знаете
Последни објави