Search

Авганистанската Влада повторно одбива да ослободи талибански затвореници

Авганистанската Влада утре нема да го спроведе планираното ослободување на 100 талибански затвореници, соопшти Националниот совет за  безбедност, јави ДПА.

„Утре нема да дојде до ослободување затвореници”, соопшти денеска на Твитер портпалорот на Националниот советот за безбедност, Џавид Фејсел,

Според Фејсел, за време на вчерашната видео конференција, трета меѓу двете спротивставени страни, Талибанците се согласиле да испратат своја делегација во Кабул за да ги водат натамошните разговори со владините претставници, јави германската агенција.

Талибанска делегација се очекуваше да пристигне во затворот во Баграм за да ги види затворениците. „Нивното заминување е откажано заради технички причини”, изјави во саботата портпаролот на талибанците Забихулах Муџахид.

И Талибанците и авганистанската Влада во четвртокот испратија сигнали дека се приближуваат кон договор за ослободување на затворениците, што е дел и од договорот меѓу САД и талибанците, потпишан минатиот месец. Сите страни, вклучително и САД соопштија дека 100 талибански затвореници ќе бидат ослободени до 31 март.

Подоцна владата соопшти дека талибанците не се согласиле за прекин на огнот, туку место тоа го зголемуваат насилството врз авганистанските сили.

„Ослободувањето затвореници е комплексен, технички и правен процес”, соопшти Фејсал во саботата, ден пред владините сили да ја одбијат предложената преговарачка делегација на талибанците.

Авганистанскиот претседател Апшраф Гани на 11 март донесе указ со кој најави постепено ослободувањ ена 1.500 талибански затвореници, јави ДПА.

Треба да знаете
Последни објави