Search

Авганистанската Влада ги повика Талибанците да го продолжат прекинот на огнот

Авганистанската Влада ги повика Талибанците да го продолжат тридневниот прекин на огнот, воведен во пресрет на Фитр Бајрам, кој истекува денеска на полноќ. Авганистанската Влада, исто така, соопшти дека денеска ќе ослободи уште 900 талибански затвореници, по вчерашните 100.

– Важно е да се продолжи прекинот на огнот, авганистанската влада е подготвена за тоа, рече портпаролот на авганистанскиот Совет за безбедност Џавид Фајзал.

Претседателот на Авганистан и Талибанците прогласија тридневен прекин на огнот на 23 мај, пред Фитр бајрам, со кој завршува месецот на постот во исламот.

Треба да знаете
Последни објави