Search

Авганистанската армија уништи центар за обука на бомбаши самоубици

Авганистанската армија вчера покрена координирана операција во округот Бараки Барак во источната провинција Логар, при што елиминира осум вооружени милитанти и уништи центар за обука на бомбаши самоубици.

Како што денеска соопшти авганистанската армија, меѓу убиените се и двајца локални талибански команданти.

Милитантите кои дејствуваат против владините сили на тоа подрачје не ја коментираа вчерашната операција.

Треба да знаете
Последни објави