Search

Авганистанец и тројца Бугари добија доживотна казна затвор во Унгарија поради смрт на 71 мигрант

Унгарскиот суд осуди на доживотна казна затвор четворица криумчари на луѓе, одговорни за смрт на 71 мигрант, чии тела се пронајдени во камион оставен на автопат во Австрија во 2015 година.

Судијата рекол дека тројца од осудените нема да имаат можност за условна слобода, а четвртиот ќе отслужи минимум 30 години затвор.

Осудени се Авганистанец, кој ја предводел групата мигранти и тројца Бугари. Тие се прогласени за виновни за организирано криумчарење луѓе и убиство без предумисла, бидејќи, како што се наведува, не го застанале камионот и не ги отвориле вратите за да влезе воздух внатре.

Судијата претходно за време на судењето рекол дека мигрантите удирале по вратите и викале, обидувајќи се да привлечат внимание на возачите. Во камионот се загушиле 59 мажи, осум жени и четири деца од Сирија, Ирак и Авганистан. Случајот ја шокира Европа која се бори со голем прилив на мигранти.

Треба да знаете
Последни објави