Search

Аваз со поддршка за пописот

До Собранието на РС Македонија доставен е Предлог закон за одржувањето на Попис на населението идната година. Најпрвин сакаме да ја поздравиле оваа одлука на институциите и власта конечно да се спроведе попис со кој ќе добиеме значајни показатели за состојбите во нашето општество врз база на кои ќе можеме да правиме соодветни планови и стратегии. Како и секој предлог закон и овој во целина квалитетен закон има свои позитивни и негативни страни и верувам дека во собраниска процедура ќе дојдеме до најдоброто законско решение.
Во тој правец сакаме да ја информираме јавноста, пред се Бошњаците дека во предлог законот стои погрешна номинација на босанскиот јазик, како единствен стандардизиран јазик на Бошњаците. Со цел да биде корегирана направената грешка подготвивме 2 (два) амандмани кои ќе бидат поднесени од нашиот пратеник Зеќир Рамчиловиќ кога законот ќе дојде во второ читање. Истите ќе бидат поддржани од парламентарното мнозинство и од опозицијата што само докажува дека се работи за ненамерна грешка, но и опомена дека институциите треба да бидат повнимателни.
Во врска со ова реагираа повеќе поединци и невладини организации на соодветен начин, додека некои поединци, дури и политички партии или не ги знаат процедyрите или прават ефтин популизам. Сепак со оглед на одредени пропусти на некои од бошњачките пратеници во изминатите мандати тогаш разбирлива е и нивната загриженост.

Со цел да не се злоупотребува ова прашање, а во интерес на јавноста очекуваме да го објавите соопштението.
Треба да знаете
Последни објави