Search

Абидал: Проблемите во тимот да се решат во соблекувалната, а не во медиумите

Спортскиот директор на шпанскиот фудбалски првак Барселона, Ерик Абидал, зборуваше за проблемите со кои се соочува во последно време тимот од „Камп Ноу“. Абидал влезе во „клинч“ со капитенот на Барселона, Лионел Меси.  Французинот Абидал изјави дека играчите се виновни што  поранешниот тренер Ернесто Валверде ја напушти клупата.

Аргентинецот не му остана должен и му порача на директорот Абидал да ги именува играчите кои биле „вклучени“ во отказот на Валверде, или да престане да прозива групно. Мечи го советуваше директорот Абидал дека и тој треба да прифати одговорност за целата ситуација во клубот, која сè уште не е целосно смирена.

-Научив една важна работа – проблемите во тимот треба да се решат во соблекувалната, а не преку медиумите, изјави Французинот.

За отказ кој го доби Валверде, сега веќе поранешниот стратег на Барселона,  директорот Абидал потенцира дека имало проблем во комуникацијата.

– Односот помеѓу тренерот и тимот беше секогаш добар, но имаше некои работи што јас, како поранешен фудбалер, можев да ги почувствувам дека чкрипат. Му кажав на клубот што мислам за тоа и ја донесовме одлуката да го разрешиме Валверде, изјави Абидал.

Треба да знаете
Последни објави