Search

Абдуш Демири од Беса именуван за нов директор на АВРМ

На денешната 14-та седница Владата на Република Северна Македонија донесе одлуки за именување директори, в.д. директори и членови на Управни одбори на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва во сопственост на Владата на Северна Македонија.

На овие одлуки им претходеше исцрпен процес на интервјуа и разговори за да се идентификуваат и прифатат соодветни кадровски предлози кои ќе ги исполнат критериумите и обврските што произлегуваат од усвоена владина програма, и кои се пред сѐ стручни и компетентни во области.

Владата ја прифати оставката на Билјана Јовановска, и ја разреши од должноста директор на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија Скопје, на нејзино барање и го именуваше Абдуш Демири, дипломиран економист за директор на Агенцијата од редовите на Беса.

Треба да знаете
Последни објави