Search

АБА 2: Мзт го совлада Сараево на гости

Екипата на МЗТ Скопје забележа победа на гостински терен кај Сараево со 71-75 (36-31) во меч од регионалната АБА 2 лига.
Македонскиот тим водеше во текот на целиот натпревар, а Спарс успеаја да дојдат само до две изедначувања во третиотдел. На 28 секунди до крајот домаќините дојдоа на поен негатива (72:71). Сепак Иванов и Метфорд погодија по два пенали и на крајот заслужено дојдоа до победата.
Најдобар кај „металците” беше Вудард со 24 поени, додека Иванов заврши со 19 поени. Кај домаќините, Јовановиќ заврши со 16 поени.
Со овој триумф, тимот од Аеродорм е со 19 бода на втората позиција на табелата. Лидер е КК Приморска со 22 бода.
Во наредното коло, МЗТ ќе гостува кај Хелиос Домжале на 18 декември.
Треба да знаете
Последни објави