Search

АБА-2: МЗТ го совлада Зрињски со 22 разлика

Кошаркарите на МЗТ Скопје остварија убедлива победа против босански Зрињски со 97-75 (46-41) во меч од 16 коло од АБА2-лигата.

Избраниците на Ѓорѓи Кочов имаа негатива само по првата четвртина, но потоа ја подобрија играта и на полувреме заминаа со пет поени предност. „Металците” одиграа одлично во третиот дел и со серија од 23-5 дојдоа до убедливи плус 20, предност која ја одржуваа до крајот на мечот.

МЗТ Скопје – Зрињски (ФОТО: МИА)

Андрија Бојиќ заврши со 26 поени, Магдевски помогна со 17 поени, додека Вудард се истакна со 14 поени. Кај гостинот од Мостар, прв стрелец беше Шутало со 16 поени.

По победата, тимот од Аеродром остана на втората позиција на табелата со скор 11 победи и 6 порази.

Следниот меч за МЗТ во АБА-2 лигата е следниот четврток, кога гостуваат на тимот на Сплит.вз

Треба да знаете
Последни објави