Search

АБА му нареди на МЗТ Скопје да игра со Партизан од 16 часот

Раководството на македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје кој по четиригодишна пауза повторно е дел од елитното натпрраврување во регионалната АБА-лига првиот меч на домашен терен сезонава ќе го игра со белградски Паертизан. Скопјани околу термионат за одигрување на овој меч се огласија со соопштение во кое обелоденуваат дека не се во можност да го променат терминот за дуелот со Партизан, закажан за в понеделник со почеток во 16 часот. Веднаш по утврдувањето на терминот се појавија жестоки реакции поради фактот дека раниот почеток на мечот ќе ги оневозможи навивачите да ја наполнат салата „Јане Сандански“.                                                                                                                                          Соопштението на актуелниот првак на Македонија го пренесуваме во целост:                               КК МЗТ Скопје Аеродром сака да ја објасни ситуацијата со терминот на одигрување на дуелот против Партизан следниот понеделник, кој првично беше закажан за 21 часот, а потоа, изненадувачки и без никаква најава и причина, да биде променет за 16 часот, што е досега невиден преседан за АБА-лигата.                                                                                                                      И самите бевме шокирани од информацијата што ја добивме од канцеларијата на АБА за промена на терминот, без конкретно и валидно објаснување, со префрлање на топката на телевизијата Арена спорт, која, пак, не излезе со официјален став за ситуацијата. Но, пропозициите на регионалното натпреварување се јасни, а тоа е дека лигата и Арена спорт го имаат ексклузивното право за одредување термини, додека домаќинот не се прашува ништо. Го разбираме револтот на нашите навивачи и симпатизери што играме во ептен ран термин во работен ден и го делиме нивното разочарување, но сакаме да знаат дека нашиот клуб и покрај сите напори, притисоци, користење врски и конекции стори сѐ за да се врати првобитно одреденото време, но не успеавме во тоа. Искрено се извинуваме, но постојат работи кои едноставно не сме доволно моќни да ги смениме, за разлика од некои други учесници во натпреварувањето.                                                                                                                                            Затоа сакаме да апелираме до сите на кои во вените им тече плаво-бела крв, но и до тие што имаат симпатии кон МЗТ Скопје и го сакаат кошаркарскиот спорт, неправдата што ни е нанесена да ја сфатат како дополнителен мотив да сторат сѐ и да се најдат на трибините во салата „Јане Сандански“. Ова е идеална шанса да покажеме единство и во несекојдневна ситуација и да докажеме дека Аеродром е населба која и покрај сите проблеми и неправди, секогаш и во сѐ стои зад своите миленици во плаво-бела опрема.                                                      Се гледаме в понеделник на трибина!

Треба да знаете
Последни објави