Search

АБА лигата бара ново раководство

Собранието на АБА лига побара да се започне постапка за избор на новото раководство, откако  не го продолжи мандатот на сегашната управа.

На Собраниската седница се дискутираше и за проширувањето на лигата и притоа донесена е одлука грчките клубови Олимпијакос и Панатаниакос, како и израрелскиот Бнеи Херзлије што побрзо да ја поднесат комплетната документација со цел да можат да распраават за нивното приклучување.

Челниците на АБА на претседателите на КК „Црвена Ѕвезда” Небојша Човиќ и „Будуќност” Драган Бокан им изрече парични казни по 10 илјади евра поради нарушување на углегот на лигата, односно несоодветните коментари за време и после финалето на оваа регионална лига.

Парична казна од четири илјади евра доби и кошаркаркот на „Будуќност” Норис Кол, поради непримерно однесување за време на петтиот финален натпревар на доигрувања.

Треба да знаете
Последни објави