Search

АА: Селективната медиумска помош е неуспешен обид на владата за злоупотреба на изборната кампања

Алијанса за Албанците во целост го поддржува најавениот штрајк на регионалните и локалните телевизии, поради неправедниот третман на владата кон нив. Овој третман, според партијата, докажува уште еднаш за оваа дискриминаторска влада, која, како што велат, дури и во состојба на криза прави разлика за одредени цели.

„Со оглед на тоа што Северна Македонија е рангирана и како земја на која и се потребни реформи во медиумите каде недостасува нивната слобода, ние веруваме дека ваквиот третман е стратегија на владата да влијае на слободата на изразување. Од друга страна, знаеме дека слободата на изразување е исто така многу важен критериум за демократијата и интеграцијата на земјата во ЕУ.

Секој медиум даде огромен придонес за информирање и подигање на јавната свест за кризата со која се соочуваме. Нивната улога во вакви ситуации е многу важна, а земајќи в предвид дека новинарите и медиумските работници постојано беа изложени на директен ризик од вирусот, секој мора да добие соодветна награда.

Без медиуми и соодветно информирање, никој не би ја разбрал важноста на ситуацијата, затоа апелираме до Владата да донесе уредба со кој сите радиодифузери ќе добијат еднаква помош и поддршка.

Исто така, цениме дека владата продолжува да биде подмолна во распределбата и трошењето на јавните пари за справување со кризата, затоа уште еднаш ја замолуваме Владата за транспарентност во овој поглед“ се наведува во партиското соопштение

Треба да знаете
Последни објави