Search

Украина ги повлекува своите 40 војници од КФОР

Украина ги повлекува војниците кои учествуваат во мировната мисија на КФОР, соопшти денеска Здружената команда на вооружените сили на Украина.

Се додава дека „враќањето на националниот контингент значи привремено суспендирање на нивното учество во мисијата на КФОР” и дека во моментов се преземаат мерки за нивно враќање во земјата.

Во составот на КФОР има 40 украински војници.

Во март, украинскиот претседател Володимир Зеленски издаде декрет за повлекување на украинските мировни сили од сите мировни мисии во светот за одбрана на земјата по рускиот напад.

Треба да знаете
Последни објави