Search

Тајван бара алтернативни рути за авионите

Тајван преговара со соседните Јапонија и Филипините за да најде алтернативни рути за авионите, пишува Ројтерс, повикувајќи се на тајванската агенција CNA.

Тајпеј се одлучи на овој потег откако Кина, непосредно по пристигнувањето на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси во Тајпеј, започна воздушни и поморски воени вежби во близина на своите брегови и пробно лансирање на конвенционални ракети во морето источно од островот, според британскиот агенција.

Министерството за одбрана на Тајван денеска соопшти дека Кина со спроведување на воени вежби ги прекршила правилата на Обединетите нации, извршила инвазија на територијата на Тајван и дека кинеските сили го блокираат воздушниот простор и водите кои му припаѓаат на тој остров.

Треба да знаете
Последни објави