Search

Рускиот Врховен суд го прогласи баталјонот Азов за терористичка група

Рускиот Врховен суд го нарече украинскиот баталјон Азов – терористичка група, јавија западни медиуми повикувајќи се на извори во Судот.

Баталјонот Азов, група со екстремно десничарски и ултранационалистички корени, долго време е една од најистакнатите воени групи во борбата против Русија во источна Украина, наведуваат западни медиуми. Русија долго време се повикува на тој баталјон во своите тврдења дека со Украина управуваат „фашисти”.

Руската државна пропаганда ги спореди „Азовците” со нацистите.

Базата на баталјонот претходно беше во источниот украински град Мариупол, па голем број членови беа однесени во Русија откако тој град падна под контрола на Москва во мај, по речиси тримесечна опсада.

Официјални лица на самопрогласената Доњецка Народна Република, каде е тој град, во мај објавија дека заробените украински борци ќе бидат осудени на смрт, според законите на самопрогласената република.

Русија не спроведува смртна казна, но откако беше исфрлена од Советот на Европа во февруари, поранешниот руски претседател, а денес заменик-претседател на Советот за безбедност, Дмитри Медведев, изјави дека тоа е добра можност да се врати таа казна.

Треба да знаете
Последни објави