Search

Руската централна банка ги продолжи ограничувањата за повлекување долари и евра до март следната година

Централната банка на Русија денеска ги продолжи ограничувањата за повлекување долари и евра од банкарски сметки до март следната година, јави Радио Слободна Европа.

Како што пренесе Бета, Централната банка објави дека ограничувањата, воведени откако западните земји воведоа санкции против Русија на почетокот на март поради нападот врз Украина, ќе останат во сила до 9 март следната година.

Според ограничувањата, клиентите на банките во Русија не можат да подигнат повеќе од 10.000 долари (9.734 евра). Износите над тоа може да се повлечат само во рубљи, по стапка што ја одредува централната банка.

Исто така, можно е да се подигнат само пари депонирани на банкарски сметки пред 9 март 2022 година, а банките можат да продаваат само долари и евра што ги набавиле пред тој датум.

На странските компании и нерезиденти во Русија им е забрането да повлекуваат евра и долари.

Овие мерки беа воведени за поддршка на руската валута во услови на санкции.

Треба да знаете
Последни објави