Search

Пекинг: Одлучно ќе го заштитиме националниот суверенитет

Кинеските власти ќе ги преземат сите достапни контрамерки како одговор на посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван, објави денеска портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунјинг.

„Пелоси го посети Тајван и покрај постојаните протести на Кина“. „Кина ќе ги преземе сите неопходни контрамерки за одлучно да го заштити својот национален суверенитет и територијален интегритет“, рече Хуа на прес-конференција, пренесува ТАСС.

Посетата на Пелоси на Тајпеј „сериозно ги поткопува мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец“ и треба да се третира „како сигнал за поддршка на тајванските сепаратисти“, додаде портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи.

Треба да знаете
Последни објави