Search

Осум руски клуба ја тужат ФИФА пред ЦАС

Осум руски фудбалски клубови почнаа со легална битка во обид да ја укинат контроверзната одлука на ФИФА која дозволува странските фудбалери еднострано да ги раскинат своите договори со клубовите до јуни 2023 поради конфликтот во Украина.

Ова одлука им дозволува на странските фудбалери и тренери да ги стават своите договори на „пауза“ до 30 јуни 2023 без опасност од санкции, нешто што според руските клубови е дискриминаторско кон нив. Според „РИА новости“, осум руски клубови (Зенит, Локомотив Москва, Динамо Москва, ЦСКА Москва, Сочи, Ростов, Краснодар и Рубин Казан) поднеле легална претставка пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС) во Швајцарија.

Интересно, истата мерка важи и за украинските клубови и неодамна директорот на Шахтјор Доњецк, Сергеј Палкин ги обвини ФИФА дека поради мерката загубиле десетина милиони евра на трансфери, обвинувајќи ги менаџерите за „лешинарско“ однесување. Тој побара отштета од 50 милиони евра од ФИФА.

Треба да знаете
Последни објави