Search

Намален водостојот на Вардар кај Јегуновце

За една третина е намален водостојот на реката Вардар на мерното место кај Јегуновце, а на останатите три мерни места се бележи благо намалување на нивото на реката во споредба со вчерашното, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

При тоа, водостојот на Вардар е понизок од просечниот на првите три мерни места, додека на четвртото кај Демир Капија нивото на реката е за 20 сантиметри повисоко од повеќегодишниот просек за овој период од годината. Пониски од просекот за август се и водостоите на речиси половина од реките во земјава.

Нивоата, пак, на трите природни езера се исти како вчера, но кај Охридското и Преспанското Езеро се пониски од просечните и тоа за два сантиметра кај Охридското, односно за 1,75 метри кај Преспанското, додека водостојот на Дојранското Езеро е за 2,56 метри повисок од просекот за август.

Треба да знаете
Последни објави