Search

Мицкоски од Жировница и Требиште: Цели 5 години Маврово Ростуше се раскрчмува за приватни бизнис интереси, промените доаѓаат со локалните избори, и ќе обезбедат иднина и сигурност за народот

Попладнево заедно со кандидатот за градоначалник за Маврово и Ростуше д-р Мевмет Џафери, бев во посета на прекрасните рекански села Требиште и Жировница.
Овие населени места се преполни уште некој ден, по што луѓето кои работат по белиот свет ќе мора да ги напуштат родните огништа. Ќе останат малкумина жители со огромните проблеми како недостиг на работа, потреба за пристојна живеачка, подобри услови за живот и перспективи за младите.
Цели 5 години општината Маврово и Ростуше се раскрчмува согласно приватните и бизнис интереси на власта, без суштински инвестиции и без визија за иднина.
Промените по овие локални избори ќе дојдат и во Жировница и во Требиште. Да изградиме општина која ќе обезбедува иднина и сигурност за народот, да обезбедиме проспротитет и пристојни услови за живот. Д-р Мевмет тоа го може и верувам дека промените ќе се заокружат.
Треба да знаете
Последни објави