Search

Министрите од Г7 ја повикаа Кина да ја реши ситуацијата со Тајван по мирен пат

Министрите за надворешни работи на земјите од Г7 оценија дека нема оправдување за користење на посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван за „агресивна воена активност” во Тајванскиот Теснец.

„Загрижени сме поради неодамнешните и најавени заканувачки акции на Народна Република Кина, особено вежбите со боева муниција, како и со економската принуда, со кои се ризикува непотребна ескалација. Нема оправдување за користење на посетата како изговор за агресивна воена активност во Тајванскиот Теснец. Ја повикуваме НР Кина еднострано и со сила да не ја менува статус кво ситуацијата во регионот и да ги решава споровите меѓу теснецот по мирен пат”, се наведува во соопштението од министрите од седумте индустриски најразвиени земји.

Треба да знаете
Последни објави