Search

Лавров: САД сè уште не понудиле да се разговора за Договорот за контрола на нуклеарното оружје

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров за време на денешната посета на Мјанмар истакна дека САД сè уште не понудиле никакви нови разговори за контрола на нуклеарното вооружување.

– Тие дури и не предложија да се обноват овие разговори, посочи Лавров.

Новиот договор за разоружување СТАРТ, единствениот преостанат голем договор за контрола на оружјето меѓу САД и Русија. Договорот го ограничува нуклеарниот арсенал на двете земји на 800 системи за испорака и по 1.550 оперативни боеви глави.

Во февруари 2021 година американскиот и рускиот претседател Џо Бајден и Владимир Путин се договорија за проширување на Новиот договор за разоружување СТАРТ. Тоа е единствениот преостанат голем договор за контрола на оружјето меѓу САД и Русија. Договорот го ограничува нуклеарниот арсенал на двете земји на 800 системи за испорака и по 1.550 оперативни боеви глави.
Претходно во текот на неделата почна едномесечната Конференција на ОН за ревизија на Договорот за неширење на нуклеарното оружје (НПТ).

Бајден на Конференцијата истакна дека неговата администрација е подготвена да преговара „експедитивно” за нова рамка за контрола на вооружувањето што ќе го замени Новиот договор СТАРТ, што истекува во 2026 година.

– Но, за преговорите е потребен партнер, кој ќе работи со добра волја. И руската војна против Украина претставува напад на камен-темелниците на меѓународниот поредок нагласи Бајден.

Треба да знаете
Последни објави