Search

Дрво падна врз жена во Загреб

.Дрво падна врз трамвајска пруга и повреди жена во Загреб. Инцидентот се случил во загрепската улица Медвешќак, соопшти Полициската управа.

Како што јави Хина, дрвото се срушило, најверојатно поради староста, а жената од под дрвото ја извлекле пожарникарите. Таа била пренесена во Клиничко-болнички центар „Ребро“, каде ѝ била укажана лекарска помош.

Степенот на повредите на жената не е соопштен.

Поради пад на дрвото, сообраќајот на споменатата улица е затворен.

Треба да знаете
Последни објави