Search

Груби: На вистинскиот пат сме

Нашите предци се бореа за слобода и успеаја пред 119 години во Крушево, обединети околу идеалот за слобода и еднаквост. И денес ги имаме истите идеали, збогатени со интеграцијата како следна битка за да ја заокружиме Републиката со сите свои атрибути, порача првиот потпретседател на Владата на Република Северна Македонија, Артан Груби во честитката по повод државниот празник 2-ри Август – Илинден.

– Ние сме на вистинскиот пат, во правата насока, онаа на европската и евроатлантската припадност, градење и почитување на еднаквоста меѓу нас. Пред 119 години водевме битката за слобода, вчера ја водевме битката за еднаквост, денес водиме битка за иднината и на наша страна ги имаме сите проевропски и проевро-американски домашни сили кои сакаат интеграција во Европската Унија и напредок. Среќен нека ни е Илинден, посочува Груби во честитката.

Треба да знаете
Последни објави