Search

Горан Јандреоски разрешен од директор на аеродроми Црна Гора

Извршниот директор на Аеродромите на Црна Гора, Горан Јандреоски, е разрешен.

Според информациите на „Вијести“, вршител на должноста извршен директор ќе биде Владан Драшковиќ до изборот на нов директор, додека потпретседателот на Босанската партија, Дамир Гутиќ, кој е близок до црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, се очекува да да биде избран за нов директор.

„Драшковиќ е именуван од Управниот одбор на „Аеродром Црне Горе“, откако претходно на редовната седница Горан Јандреоски беше разрешен од функцијата извршен директор. Одборот на директори во следниот период очекува раководството да ја забрза модернизацијата. Му благодариме на господинот Јандреоски за започнатите процеси во компанијата и досегашната соработка и му посакуваме среќа и успех во понатамошната работа“, се вели во соопштението од Аеродроми на Црна Гора.

Треба да знаете
Последни објави