Search

Во Шпанија 50 жени биле избодени со игли во ноќни клубови

Полицијата во Шпанија истражува околу 50 пријавени случаи на жени кои биле прободени со медицински игли додека биле во ноќни клубови или на забави, тренд што претходно е регистриран во други европски држави.

Досега не се потврдени случаи на сексуален напад или грабеж поврзани со мистериозните прободувања.

Полицијата соопшти дека открила докази за дрога кај една жртва, 13-годишно девојче во градот Хихон, кое имала екстази во нејзиното тело. Локалните медиуми објавија дека девојчето брзо било пренесено во болница од нејзините родители, кои биле во близина кога почувствувала „убод со нешто остро”.

Полицијата соопшти дека околу половина од неодамна пријавените напади со игли се случиле во североисточната шпанска провинција Каталонија. Серија убоди со игла е регистрирана во Франција, Велика Британија, Белгија и Холандија.

Треба да знаете
Последни објави