Search

Владата на Црна Гора и СПЦ го потпишаа Темелниот договор

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ и српскиот патријарх Порфириј денеска во Подгорица го потпишаа Темелниот договор со кој се регулира функционирањето на СПЦ во Црна Гора. На потпишувањето на договорот присуствуваа и црногорскиот министер за правда Марко Ковач и митрополитот црногорско-приморски на СПЦ Јоаникије.

Владата на Црна Гора и Српската православна црква претходно официјално не го објавија доаѓањето на патријархот Порфириј во Подгорица, а точниот датум на потпишување на договорот не беше јавно соопштен.

РТС јави дека за време на потпишувањето на договорот, пред вилата „Горица” во главниот град на Црна Гора протестирала помала група граѓани, а полицијата ги блокирала приодите до вилата.

Потпишувањето на Темелниот договор подолго време беше одложувано, а прашањето предизвикуваше и политички и општествени несогласувања во Црна Гора.

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ пред неколку дена се закани дека ако биде потпишан договорот со СПЦ, ќе ја повлече поддршката што неговата партија ДПС досега и ја даваше на малцинската Влада на премиерот Абазовиќ, што би довело до нејзино паѓање.

Треба да знаете
Последни објави