Search

Блинкен од ОН: Основните цели на НПТ се разоружување, неширење и употреба на нуклеарната енергија во мирнодопски цели

Во Њујорк денеска се одвива 10-то собрание на ОН посветено на актите на Договорот за неширење на нуклеарно оружје (НПТ), на кое настапи и американскиот државен секретар Ентони Блинкен. 

По овој повод, претседателот Џо Бајден повторно ги потврди обврските на САД за одговорно ракување со својот нуклеарен арсенал и продолжување на работата кон конечната цел – свет без атомско оружје. 

-Во нуклеарната војна нема победници, таа никогаш не смее да биде водена. Токму поради тоа, мојата Администрација доделува приоритетно внимание на намалување на улогата на нуклеарното оружје во нашата стратегија за национална безбедност, се вели во денешната изјава од Белата куќа потпишана од Бајден . 

-Според наше мислење НПТ е едноставно кажано незаменлив, основен документ, обврска  и основа за меѓународниот поредок заснован на правила. За нас, следниот месец е приоритет. Сакаме да имаме успешна конференција за преглед (на нуклеарната политика на САД), и тоа сакаме да го направиме во координација и соработка со многумина од вас, изјави Блинкен денеска од говорницата на ОН. 

Тој рече дека ова собрание се случува во мошне важно време. 

-Сакаме да се осугураме дека имаме силен резултат во однос на трите столбови на НПТ разоружување, неширење и употреба на нуклеарната енергија во мирнодопски цели. 

НПТ секогаш се потпирал на заемните ограничувања на оружјето меѓу САД и Руската Федерација, истакна Бајден во соопштението. 

-Дури и во зенитот на Студената војна, САД и СССР можеа да работат заедно за да се оддржува општата одговорност за обезбедување стратегиска стабилност. 

Бајден порача дека неговата Админстрација е подготвена за оперативна организација на преговори за новата структура на контролата на вооружувањето во која се бара да биде вклучена и Кина како нуклеарна сила, и кој ќе го замени Новиот договор за намалување на стратешкото офанзивно оружје меѓу САД и Русија (СТАРТ 3) што истекува во 2026 година. 

Треба да знаете
Последни објави