Search

Без струја утре делови од осум скопски општини

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Карпош, Aеродром, Центар, Сарај, Студеничани, Гази Баба, Сопиште, Кисела Вода, соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

Според најавата, утре во периодот од 10:30 до 13:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улицата „Струшка”, Општина Карпош, од 08:30 до 14:30 часот од улицата „Блажо Орландиќ” парни од бр.8 нагоре, Општина Aеродром, а од 08:00 до 15:00 часот  од улицата „Орце Николов”, Општина Центар.

Утре од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од корисниците од селата Буковиќ,
Раовиќ, Ласкарци, Паничари, Општина Сарај, од 09:00 до 12:00 часот од ул.2 во село Долно Количани, Општина Студеничани,  а од 08:00 до 10:00 часот од бул.„Александар Македонски”, Општина Гази Баба.

Исто така, во периодот од 08:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од „Рудопроект”, „Каменолом Вардар Градба”, „Викендици Јаболци”, с.Јаболци, „Сателитски Центар Нова Брезница”, Нова Брезница, Ловиште „Јасен”, викендици „Држилово”, с.Држилово, Карст с.Јаболци, Викендици Патишка Река, с.Патишка Река, ПЦЦ „Хидро” во Општина Сопиште и корисниците од селата Осинчани, Малчиште, Елово, Црн Врв, Општина Студеничани, од 09:0 до 11:00 часот  корисниците од УСЈЕ – ул. 4, Општина Кисела Вода, од 09:00 до 12:00 часот од селото Света Петка, Општина Сопиште.

 

 

Треба да знаете
Последни објави