January 27, 2022 07:17
Скопје

​Градинка наместо ресторан и бришење на уште две градежни маркици во Аеродром

На иницијатива на градоначалникот Тимчо Муцунски, Советот на Општина Аеродром на денешната седница донесе две важни одлуки – за изградба на нова градинка на местото од кафаната во склоп на ОУ ,,Блаже Конески” и за бришење на две маркици за градење на станбени згради, на чие место сега е предвидено парковско зеленило.

Со оваа одлука, проблемот на граѓаните кој го имаа со места во градинките конечно ќе биде решен, а продолжува и заложбата за зачувување на зелените површини во урбаното јадро на општината.

-Денеска на моја иницијатива, Советот на Општина Аеродром донесе одлука за изградба на нова детска градинка на местото на кафаната во училишниот двор на ОУ ,,Блаже Конески”, проблем на кој мичуринци беа особено гневни. Повеќегодишниот проблем на граѓаните со места во градинките конечно се решава и граѓаните можат да бидат спокојни. Исто така на денешната седница советот донесе одлука за укинување на две градежни маркици на потегот помеѓу Перла Бјанка и Маркет ЗУР, каде од сега наместо колективни згради е предвидено парковско зеленило. Со овие одлуки Општина Аеродром јасно става на знаење дека потребите и мислењето на граѓаните се и наш приоритет и дека со нас како локална власт имаат партнер во решавање на сите проблеми со кои се соочуваат”, изјави градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски.

Оваа одлука на советот е втора во низата на одлуки со кои се поништуваат градежни маркици кои се против волјата на граѓаните. Како Општина Аеродром, се обврзуваме пред граѓаните дека и во иднина ќе следат проекти кои се од општ и јавен интерес, со цел Аеродром да биде општина на која сите ќе бидат горди.

online anime. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

AnimeHeaven Attack on Titan Season 3 (Dub)

Yosuga no Sora: In Solitude Where We are Least Alone

Your Lie in April

free anime online AnimeHeaven Death Note

dubbed anime My Hero Academia Season 5