January 16, 2021 00:16
Свет

Џо Бајден ја повредил ногата додека си играл со кучето

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден го повредил глуждот додека си играл со едно од неговите кучиња и лекарот ќе го прегледа со сите мерки на претпазливост.

Бајден се здоби со повреда во саботата и во неделата попладне и посети ортопед во Њуарк во државата Делавер, соопшти неговиот кабинет, пренесува АП. Новинарите кои ги следат активностите на новоизбраниот претседател не добија можност да го видат Бајден како влегува во канцеларијата на лекарот, и покрај повеќекратните барања.

Бајден играше со Мејџор, едно од двете семејни кучиња. Тие го посвоија во 2018 година, а првото куче Шампион го имаат од изборите во 2008 година. Бајден изјави дека ќе ги донесат своите кучиња во Белата куќа, а планираат да земат и мачка.

На 78 години, Бајден ќе стане најстариот претседател кога ќе биде инаугуриран во јануари, но тој често ги отфрлаше прашањата за неговата возраст за време на кампањата. Во декември, тој објави медицински извештај во кој се открива дека зема статин за да го одржи нивото на холестерол, но лекарот го опиша како „здрав, енергичен“ и „способен за успешно извршување на должностите на претседател“.