January 17, 2021 09:25
Магазин

Џорџ Клуни со години сам ја скратува косата

Тој е познат по својата кратка и едноставна фризура со патец на страна.

А во неделата, хоивудскиот актер Џорџ Клуни откри дека многу години наназад класичниот изглед го постигнува со помош на тримерот „Флоуби“, мултифункционална машинка која ја крати косата и ги обликува бакембардите.

59-годишната sвезда на „Гравитација“ се отвори за своите штедливи навики за дотерување додека разговараше со Трејси Смит во емисијата на Си-би-ес „Недела наутро“.

Откако го праша за неговите рутини во самоизолација, Клуни откри дека рутината за дотерување не се сменила со децении.

„Јас сам си ја потскратувам косата веќе 25 години“, призна тој. „Мојата коса е како слама, и затоа е лесна за кратење. Не може да се направат грешки кога имате таква коса.“

„Пред многу години, купив нешто што се вика Flowbee,“ рече Клуни, а водителката Смит беше изненадена: Не верувам дека си купил такво нешто!

Интервјуто потоа се прекина со инфо реклама на тримерот Flowbee, која покажа како работи уредот.