December 7, 2022 21:40
Магазин

Џорџ Клуни вели дека никогаш немал расправија во бракот со Амал

Џорџ и Амал Клуни никогаш не се скарале во осумте години колку што се во брак.

61-годишниот актер го врза јазолот со адвокатката за човекови права Амал (44) во 2014 година и со неа ги има близнаците Александар и Ела (5).

Додека ја прославуваа годишнината од бракот во средата, тој рече дека нивната врска е најлесната работа што некогаш ја направиле.

„Почнува со љубов. Тоа, на некој начин, е целата тајна. Едноставно беше лесно. Како најлесната работа што сме ја направиле во животот. Никогаш не сме се скарале,“ рече тој.

Холивудската ѕвезда откри дека бил одушевен од Амал во моментот кога ја здогледал, опишувајќи ја својата сопруга како извонредно паметна и убава.

Говорејќи на „Си-би-ес морнингс“, тој ѝ рече на водителката Гејл Кинг: „Беше лесно, тоа беше моментот кога таа се појави на вратата, буквално ме обзеде. А забавниот дел беше тоа што не знаев дали ќе ѝ се допаднам.“

„И потоа видов дека е многу забавна, паметна, убава жена. Толку многу ме фасцинираше што почнав да ѝ пишувам писма“.

Амал, која исто така гостуваше во емисијата, рече дека никогаш не замислувала дека ќе добие шанса да го помине остатокот од животот со него.

„Го запознав и си помислив: толку ми е мило што во светов постои некој како него. Никогаш не замислував дека ќе го поминам остатокот од мојот живот со него или дека ќе го имам ова прекрасно семејство.“