August 19, 2022 13:40
Свет

Џонсон стравува дека Украина ќе биде принудена да склучи „лош мир”

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека стравува дека Украина може да се соочи со притисок да преговара за мировен договор со Русија што не е во нејзин интерес – поради економските последици од војната во Европа.

„Премногу земји велат дека ова е европска војна што е непотребна… и затоа ќе се зголеми притисокот за да се охрабрат – можеби да се принудат – Украинците на лош мир”, изјави тој за телевизиските станици во главниот град на Руанда, Кигали, каде што присуствува на самитот на Комонвелтот.

Џонсон рече дека последиците од евентуалното остварување на плановите на рускиот претседател Владимир Путин во Украина ќе бидат опасни за меѓународната безбедност и ќе значат „долгорочна економска катастрофа”.