June 24, 2022 08:03
Свет

Џонсон со порака до Г7 и НАТО: Сега не е време за лош мир во Украина

Британскиот премиер, Борис Џонсон, оцени дека Г7 и НАТО не треба да ја охрабруваат Украина да постигне, како што наведе, „лош” мир со Русија, што би значело откажување од делови од нејзината територија.

Неколку дена пред самитот на Г7 во Германија и НАТО во Шпанија, Џонсон вчера се осврна за ситуацијата во Украина за време на посетата на главниот град на Руанда, Кигали

-Мојата порака до колегите од Г-7 и НАТО би била следна: Сега не е време да ги охрабруваме Украинците да се согласат на лош мир, мир за кој од нив е побарано да отстапат делови од нивната територија во замена за прекин на огнот. Мислам дека тоа би било катастрофа, рече Џонсон.

Британскиот премиер додаде дека е можно некои од најголемите западни сили да се „уморни” од Украина.

go88 thiên đường online go88 dang nhap Tải game bài đổi thưởng Go88 nhận code 100K miễn phí

SUNWIN - Nhà Cái Game Bài Uy Tín Nhất Thị Trường 2022 sunwin pro cầu sunwin