August 13, 2022 18:34
Свет

Џонсон сака Велика Британија повторно да се вклучи во Европа

Британскиот премиер Борис Џонсон е заинтересиран за францускиот проект на Европската политичка заедница, кој ќе и овозможи на Велика Британија повторно да се вклучи во Европа по брегзит, соопшти денеска кабинетот на францускиот претседател по средбата меѓу Џонсон и Емануел Макрон.

Во соопштението се вели дека Макрон го забележал големиот ентузијазам на британскиот премиер кога зборувал за европска политичка заедница која ќе и овозможи на Британија повторно да се вклучи во Европа.

Во таа прилика Џонсон го предупредил Макрон за опасноста од преговарачко решение во Украина сега бидејќи постои ризик од продолжување на глобалната нестабилност, соопшти Даунинг стрит.

Според истиот извор, двајцата лидери се согласиле дека ова е клучен момент во развојот на конфликтот и дека е можно да се смени текот на војната.