January 23, 2020 05:25
Свет

Џонсон: НАТО не е разнишан, мирот не треба да се зема здраво за готово

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека НАТО не е разнишан во посветеноста да ги штити своите членки.

– Историјата покажала дека мирот не може да се зема здраво за готово и додека ја прославуваме оваа годишнина мораме да сме сигурни дека нашите дела одговараат на нашите зборови, истакна Џонсон на Самитот на НАТО во Лондон.

Тој посочи дека Северноатлантската алијанса не треба да ги избегнува разговорите за „новите реалности, посебно одговорот на НАТО на новите закани, како што е хибридната војна и технолошкото попречување”.

Лидерите на НАТО денеска се обидоа да ги надминат несогласувањата истакнувајќи дека остануваат обединети за безбедносните прашања и се одлучни да се бранат едни со други.

– Јасно е дека е многу важно Алијансата да остане заедно, бидејќи има многу повеќе работи што не обединуваат отколку што не раздвојуваат… НАТО е успешно поради едноставниот концепт… Суштината е во ветувањето дека ќе застанеме во одбрана едни за други, сите за еден, еден за сите, потенцира Џонсон.

Нови вести

(Видео) Макрон ги исфрли израелските полицајци од црква во Ерусалим

Filip

ЛНА го забрани користењето на аеродромот во Триполи за сите видови авиони

Filip

Втор ден од судскиот процес во Сенатот за отповикување на Трамп

Filip