December 9, 2022 01:19
Свет

Џонсон до Путин: Вашиот говор е срамота

На денешиот говор на Владимир Путин реагира и Борис Џонсон, поранешниот премиер на Велика Британија. Тој го опиша говорот на Путин, кој претходно денеска најави формална анексија на четири украински територии, како измама и срам.

„Владимире Путин, твојот говор е измама и срам. Светот никогаш не смее да ги прифати твоите лажни референдуми или твојот суров и незаконски обид за колонизација на Украина. Ние стоиме со народот на Украина и ќе го поддржуваме без двоумење додека нивната земја не биде целосно слободна“, напиша Џонсон на „Твитер“.