April 21, 2021 01:09
Македонија

Џолев: Верувам дека Русковска направи лапсус кога ме спомена за притворот на Мијалков

Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев денеска за “Фокус” изјави дека тој не побарал од обвинителството да ја повлече жалбата за притворот на Сашо Мијалков. Тој сега појаснува дека смета дека обвинителката Вилма Русковска направила ненамерна грешка, односно лапсус.

-Ја слушнав изјавата на обвителката Русковска во која истата изнесува своја цитирам “претпоставка”, и притоа ме спомнува, без име и презиме туку како “претседател на судот”. Верувам дека станува збор за грешка во изразувањето т.н. lapsus lingua и веројатно обвинителката мислела на шефот на ЈО Јовески, или пак можеби сите ние не сме ја разбрале што точно (во таа гужва) обвинителката сакала да каже, изјави претседателот Џолев за “Фокус”.

Тој додава дека никогаш не влијаел врз судија или обвинител.

=Од изјавите на обвинителите Јовески и Русковска, кои ги дознав од медиумите, можам само да заклучам дека “жалбата” е повлечена од Јовески, а не од Русковска, така да станува апсурдно-невозможно да влијаам врз Русковска за одлука која што ја носи Јовески, дополнува Џолев.

AnimeFreak anime websites: Watch Banana Fish Episode 7

4Anime websites like 4anime: JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable (Dub) Episode 39