August 18, 2019 22:04
Хроника

Џип прегазил две жени во Кичево

Две жени се повредени откако биле прегазени од џип, вчера во Кичево, информираше МВР.

-На 15.05.2019 година во 15.45 часот на булевар Ослободување, З.М.(30) од село Вранештица, кичевско, управувајќи џип „опел фронтера“ со кичевски регистарски ознаки, удрил во Ѓ.А.(32) и Т.Д.(36), двете од Кичево. Двете со тешки повреди биле пренесени во Медицински центар Кичево, каде им била укажана лекарска помош. Поради сериозноста на повредите жените биле префрлени во Клиничката болница Битола на понатамошно лекување. Увид извршила екипа од Полициската станица Кичево, велат од МВР.

Нови вести

(Видео) Пожар над Усје

Igor

И авионите гаснеа во Пинтија, пожарникарите ноќва ќе дежураат

Igor

Ставен под контрола пожарот кај Пинтија, пријавен нов во Сопиште

Igor