October 24, 2020 03:17
Спорт

Џереми Грант ќе стане слободен агент

Кошаркарот на Денвер нагетс, Џереми Грант има намера да ја искористи опцијата за напуштање на тимот во последната сезона од договорот и да стане неограничен слободен агент, пренесува „The Denver Post”.

Денвер ноќеска загуби од Лос Анџелес лејкерс петтиот натпревар од финалето на Западната конференција  и е елиминиран со 1-4 во серијата.

Дваесет  и шестгодишниот Грант беше еден од најдобрите играчи со 20 поени и девет скока.

Доколку Грант реши да не излезе на пазарот за слободни играчи, тој ќе заработи 9,4 милиони долари во текот на следната сезона.