December 9, 2021 02:43
Магазин

Џенифер Лоренс ќе глуми во комедијата No Hard Feelings

„Сони“ ги стекна правата на нови проект со оригинален наслов No Hard Feelings („Нема лутење“) по жестока војна на наддавање, а медиумите дознаваат дека директорите на студиото полетале во Њујорк во обид да ја убедат Џенифер да ја прифати улогата.

Приказната е сместена во њујоршки Монтаук и наводно, има слични тонови со Risky Business and Bad Teacher, бурна комедија од 2011 година со Том Круз и Камерон Дијаз во главните улоги.

Филмот ќе го режира Џин Ступницки, кој ја напиша и ко-продуцираше „Канцеларија“ (Тhe Office), која освои „Златен глобус“ за најдобра хумористична серија.

Ступницки дебитираше како режисер на долгометражен филм во 2019 со комедијата Good Boys, а сега  ќе го напише сценариото заедно со Џон Филипс.

Медиумите пренесуваат дека проектот предизвика многу врева во Холивуд, и дека стримерите како „Епл“ и „Нетфликс“ испаднаа на почетокот на наддавањето.