October 29, 2020 02:27
Магазин

Џенифер Лопез со вереникот Алекс на егзотичен одмор на Туркс и Кајкос

Таа работи напорно, но слободните денови сака да ги ужива на плажа.

Џенифер Лопез помина романтичен летен викенд со вереникот Алекс Родригез на песочните плажи на егзотичните острови Туркс и Кајкос.

51-годишната пејачка и актерка ги покажа своите убиствени облини и златен тен во неонски розови бикини.

Архипелагот Туркс и Кајкос на исток од Бахамите, омилена дестинација на познатите личности, е составен од шест главни острови. Секој од нив е познат по кристално чистите води и бели песочни плажи, а многумина ги сметаа за најубави острови во светот.