December 15, 2019 17:21
Забава

Џемперот на Гвардиола продаден за 6.000 фунти

Сивиот џемпер кој менаџерот на Манчестер Сити, Џозеп Гвардиола, го носеше во текот на последната сезона во која освои тројна круна во Англија (шампионат, ФА купот, Лига купот) е продаден на добротворна аукција за 6.000 фунти.

По победата против Ватфорд во финалето на ФА купот, Гвардиола изјави дека ќе ја даде својата препознатлива облека за добротворни цели, а клубот објави дека џемперот бил купен од нивниот американски обожавател Џејмс Хоџ.

Парите собрани на аукција ќе се користат за обезбедување бесплатни оброци за семејствата во Манчестер за време на шолските празници.

„Воодушевен сум што се собраа толку пари за добротворни цели. Исто така, фантастично е што можеме да им дадеме на фановите нешто лично што ни помогна во постигнувањето на неверојатен успех во минатата сезона”, рече Гвардиола.

Нови вести

Обама во Минхен: Добро ми стојат „ледерхозен“, ќе ги облекувам само за Мишел

zane

Одмор за раскажување: Тргнал како патник, а завршил како капетан на авион за Шпанија

Filip

(Видео) Синот на Глорија Вандербилт благодарен што родителите не му го оставиле своето богатство

Filip