February 24, 2019 04:51
Фудбал

Џеко сакал да се врати во Англија: Познато е името на неговиот нов клуб

Напаѓачот на Рома, Един Џеко наводно побарал да го напушти клубот и да се врати во англиската Премиер лига.

Босанскиот напаѓач минатата зима беше на чекор од трансфер во Челси, меѓутоа во последен момент трансферот пропадна и остана во Рома.

Сепак, како што пренесуваат италијанските медиуми, Един Џеко би можел да го напушти „Олимпико“ идното лето. Џеко не би се преселил во Челси, но сега во игра е друг лондонски клуб – станува збор за Вест Хем.

Договорот на Џеко со Рома истекува во 2020-та година, па Римјаните ќе се согласат да го продадат напаѓачот кој што веќе наводно побарал да се пресели во Премиер лигата. Најверојатно Вест Хем ќе го откупи неговиот договор за околу 15 милиони евра.

Related posts

Балотели по крајот на сезоната ја напушта Ница

24info

Буфон го кажа своето: Ова се трите фаворити за пехарот во Лигата на шампионите

24info

Џеко: Мора да бидеме фокусирани, Барселона лесно може да даде пет гола…

24info