January 27, 2022 06:27
Спорт

Џеко го реши Шахтјор, Ајакс славеше кај Бешикташ

Интер го совлада Шахтер со 2-0 во петтото коло од групната фаза во Лигата на шампиони и направи исчекор кон пласман во нокаут-фазата од елитното натпреварување, а херој на италијанскиот шампион беше босанскиот напаѓач Един Џеко, кој постигна два гола.

Николо Барела ја имаше првата закана кон голот на гостите во 12. минута, но неговиот удар заврши над пречката на Шахтер, по што Иван Перишиќ постигна гол, но тој беше поништен поради офсајд.

Во 61. минута од натпреварот Џеко без мака го пронајде патот до мрежата на Шахтер за водство од 1-0, а шест минути подоцна со глава стрелаше за триумф од 2-0.

„Нераѕурите“ имаат 10 бода на првата позиција по пет одиграни кола, по што следи Реал Мадрид со девет, Шериф Тираспол има шест, а Шахтер е на дното без бодови.

Ајакс славеше на гостувањето кај Бешикташ со 2-1 по пресврт и така продолжи да гази во групата Ц и сега има пет победи по пет одиграни кола.

Турскиот тим поведе во 22. минута од пенал, но потоа Себастијан Холер со два гол во второто полувреме ги израдува гостите од Амстердам.

free anime online. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

AniWatch My Hero Academia (Dub)

AniWatch Welcome to Demon School! Iruma-kun Season 2 Episode 18

watch anime online Rascal Does Not Dream of Bunny Girl Senpai

english anime Naruto: Shippuden (Dub)

AniWatch Evangelion: 3.0+1.0 Thrice Upon a Time Episode Full