June 24, 2021 21:29
Македонија

Џафери: Рамазан бајрам нека биде поттик за правење добри дела

Овој празник кој е посветен на милоста, љубовта и меѓусебното опростување, нека донесе полни срца и ум со убави и позитивни мисли и нека биде тоа поттик за правење на добри дела кои уште повеќе ќе ни ги облагородат душата и телото, напиша претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери во честитката по повод верскиот празник Рамазан бајрам.

– За празниците се споделува со блиските, со далечните, со познатите и непознатите, меѓутоа, овие години на пандемија наметнаа поинакви правила и го смалија кругот на луѓето со кои сме опкружени, сепак, тоа не не спречува да споделуваме убави зборови, да пружиме рака на поддршка и да бидеме од помош таму каде што има потреба. Понекогаш, дури и мала, но топла насмевка е сѐ што е потребно за да заживее вербата дека сите сме еднакви и имаме потреба од еднакви нешта. Пандемијата, иако не оддалечи физички, сепак го сплоти човештвото во справување со предизвиците што ги донесе со себе. Заедно, да растеме индивидуално и колективно врз темелот на взаемна почит, соработка кон постигнување на заедничките цели, кон нашата подобра иднина, се вели во честитката.

AnimeFreak animefreak my hero academia: That Time I Got Reincarnated as a Slime Episode 24

AnimeHeaven my anime heaven: Watch Attack on Titan Season 3 (Dub) Episode 6 (https://animeheaven.pro/m/znKb/ep-6)