June 24, 2022 15:44
Македонија

Џафери нема да се извини за пцовките, опозицијата бара негова оставка

Собранискиот спикер Талат Џафери објасни дека пцовките поради кои деновиве е топ тема на опозиционерите кои бараат негова оставка за недолично однесување не биле наменети за службениците туку за нивната работа. Џафери на денешниот брифинг со новинарите ја објасни ситуацијата во која тој се слуша на видео запис како со навредливи зборови и пцости се обраќа кон вработени во Собранието кои направиле грешка која можела да влијае врз текот на собраниската седницата. Претседателот на Собранието, Џафери денеска рече дека не го прекршил етичкиот кодекс и дека не чувствува потреба да се извини за пцовките за службениците за кои неодамна слушна и јавноста. Првиот парламентарец ги обвини службениците дека наместо на своите работни места, поголем дел од денот биле надвор од Собранието.

-Јас сум претседател на Собранието и со Деловник е пропишана мојата надлежност. Треба да создадам услови и предуслови за работа. И, ако некој смета дека службата треба да ја помине на ул. Македонија, претпоставувам дека граѓаните не сакаат таква служба, појасни Џафери.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ размислува да побара интерпелација на Џафери, но велат дека ќе го чекаат исходот од собраниската комисија која треба да утврди дали претседателот на Собранието го прекршил етичкиот кодекс. Делови од пцовките беа декор на прес конференцијата на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Засега не е закажана комисијата која треба да го разгледува однесувањето на Џафери.

chơi go88

sunwin đăng nhập hướng dẫn tại sunwin hủy lệnh rút tiền sunwin