July 26, 2021 03:45
Македонија

Џафери на средба со делегација на Врховната рада на Украина

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска оствари средба со копретседателот и делегацијата од Пратеничката група за меѓупарламентарни односи со Република Северна Македонија на Врховната рада на Украина, Валериј Зуб, соопштија од Кабинетот на собранискиот спикер.

Покрај Зуб, во составот на украинската делегација беа и Максим Перебијнис, претседател на Поткомитетот за здравствена заштита, Дмитро Наљотов, претседател на Поткомитетот за туризам и одморалишта, Ростислав Палагусинец, заменик на раководителот на Одделот на Кабинетот за обезбедување на меѓупарламентарни односи и други членови.

Џафери откако им посака топло добредојде на членовите на Делегацијата и изрази задоволство за оваа возвратна посета, во ова време погодено со пандемија и строги мерки на претпазливост, што е доказ и потврда дека кога се има волја, се може да се надмине, потврди дека билатералната соработка меѓу нашите две земји е на задоволително ниво и без отворени прашања за соработката на ниво на парламентарните собранија на НАТО, ОБСЕ, Совет на Европа и други меѓународни организации е со меѓусебна поддршка.

Претседателот на Собранието исто така потенцираше дека Република Северна Македонија го поддржува украинскиот територијален интегритет и суверенитет и редовно се придружува кон изјавите на ЕУ во врска со осудата на анексијата на Крим.

Во продолжение, Џафери изрази благодарност и за поддршката на нашата кандидатура за претседавање со ОБСЕ во 2023 година, истакнувајќи ја потребата од продлабочување на економската соработка и проширување во сите други сфери од заемен интерес.

Воедно, Зуб се заблагодари на можноста за средба со претседателот на Собранието и ги претстави членовите на Делегацијата кои доаѓаат од различни области што е индиција за интересот од воспоставување на соработка во различни сфери и затоа во рамките на посетата се предвидени и средби со министри во Владата на Северна Македонија со цел да се иницира и потпишување на спогодби и меморандуми за соработка.

Тој се заблагодари за поддршката што Република Северна Македонија ја дава на Украина за Кримското прашање, и замоли, со оглед на нивниот интерес да станат полноправна членка на НАТО, таа поддршка да биде и во таа насока.

На крајот, Џафери ја повтори поканата за посета на претседателот на Врховната рада на Украина на земјава на што Зуб одговори дека со задоволство ќе ги пренесе поздравот и поканата.

AnimeHeaven - Watch HD Anime Online Free | AnimeHeaven.pro. Android Kikaider (https://animeheaven.pro/m/WvJw) Episode 13

GogoAnime Watch anime online, English anime online - Gogoanime. Orange (Dub) (https://gogoanime.be/m/Mno4) Episode 13

https://wcostream.cc watch animes. Watch Ikkitousen: Western Wolves Episode 3

KissAnime Sites Google: https://sites.google.com/view/kissanimemx/